Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Вознемирувачко видео) Бугарска новинарка сакаше да постави прашање, обезбедувањето ја турна на тротоар во Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryaunvbif6jq2f1u5HoSe

Новинарка завршила во болница по инцидент со припадник на обезбедувањето на претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова, во Софија. Случајот предизвика остри реакции во Бугарија, а надлежните институции најавија проверка на постапувањето на службеникот.

Станува збор за новинарката Соња Колтуклиева, која се обидела да ѝ постави прашање на претседателката на парламентот додека таа се наоѓала во службен автомобил.

— реклама —

На видеоснимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа како Колтуклиева ја отвора вратата на автомобилот, по што припадник на Националната служба за обезбедување физички ја турка. Новинарката паѓа на тротоарот.

— реклама —

Според информациите објавени во бугарските медиуми, Колтуклиева по инцидентот била пренесена во болница со повреди. Засега нема дополнителни информации за нивната тежина.

— реклама —

Случајот предизвика политички реакции, а беа упатени и барања за оставка на претседателката на Народното собрание, Михаела Доцова.

Националната служба за обезбедување наредила итна проверка за да се утврдат околностите под кои се случил инцидентот и дали службеникот постапил во согласност со своите овластувања.

— реклама —

За случајот е известено и надлежното Воено обвинителство.

Инцидентот отвори прашања за границите на постапувањето на службеното обезбедување кон новинарите, особено при обиди за поставување прашања на високи државни функционери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 4 дена

— реклама —
jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 1 седмица

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања