„Вознемирувачка фотографија. Немаме повеќе зборови со кои можеме да го опишеме ужасното чувство на тага и болка во вакви ситуации. Верувајте воопшто и не сакаме да ги објавуваме овие ситуации, но не можеме и да ја криеме вистината и да шириме розови вести. Кучето скоро една недела се движеше на локација нова автобуска, железничка станица и беше хрането од две хумани особи, за денес да ни ја соопштат оваа вест.
Можете по сликата да видите дека не е на улица и не е изгазено од кола, и на улицата каде беше немаше траги од крв. Оценете и сами бидејќи оваа слика нас ни личи дека кучето е удрено по главата т. е. намерно убиено. Ете тоа е една од судбините кое може да ја има едно бездомно куче кај нас. И да напоменеме на таа локација имаме хрането во различни периоди три кучиња кои ги најдовме отруени. За тебе мило ангелче е овај пост бидејќи никој не ти даде шанса за подобро утре“, пишуваат од Помош на животните Прилеп.
https://www.facebook.com/1064107413658902/photos/a.1280757195327255/2077753642294269/?type=3&theater