Огнот кој осум часа му се закануваше на Велес е локализиран. Изгорена е голема површина со борова шума и сува трева, а материјалната штета е огромна. Околината на омиленото велешко излетиште Езеро Младост е пеплосана. Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Неготино и Скопје, како и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и еден армиски хеликоптер. Ним на помош им дошле и околу 150 вработени од ЈП Македонски шуми и стотина вработени од велешкото јавно комунално претпријатие Дервен со цистерни и припадници на АРМ.
https://www.facebook.com/1VidiVidi/videos/346532596255565/
Од полиција најавија дека утре ќе ги објават деталите за сторители на пожарот, кој бил предизвикан поради невнимание. Четворица вработени во браварска работилница вршеле работа, при што од искрење се запалила блиската трева, а огнот бргу се проширил и предизвика огромна штета.
„Вкупно се опожарени 400 хектари површина, од нив изгорена е педесетгодишна црноборова шума на 200 хектари и исто толку трева“, изјави Зоран Ѓеоргиев директор на ЈП Македонски шуми.