Го чувал безмалку шест години. Го сакал како свое дете, па и покрај малкуте парични средства, радо издвојувал за храна за него. Пробиштипјанецот Стојче Василев неодамна остана без својот миленик, откако некои негови сограѓани го отруле пет ипол годишниот териер Џеко.
Со треперлив глас и солзи, пробиштипјанецот раскажува дека отровот бил ставен во виршла, која е фрлена во дворот каде го чувал кучето. Според него, кучето било вакцинирано и чипирано. Џеко, за кој се сеќава дека му го има спасено и животот, е само едно од десетината кучиња за кои се грижи овој пробиштипјанец – нешто што за жал, наидува на револт кај дел од неговите соседи.
„Тоа куче ми беше право дете, сите го сакавме. Со мене доаѓаше секаде, сите се чудеа колку добро е дресирано. Сега за ова куче сите плачеме, дворот веќе не ми е мил, штом него го нема. Ми го има и животот спасено. Еден ден ми се слоши и сакав на една чешма да се напијам вода. Клекнав, но не можев да ги подадам рацете, па кучето почна со предните нозе да прска од водата по моето лице, откако виде дека не се чувствувам добро. И кога зборував со некој тој седнуваше до мене, но бидејќи беше тепан како мал тој не се галеше. Моето куче беше многу паметно, педесет години да живеам нема да најдам такво“, вели Василев во изјава за Канал 77.
Цела сторија прочитајте ја на ММС.мк