Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Вознемирувачко видео) 19-годишен моторџија загина по тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryu3t0sj7rgmn3b0YJgJG

Деветнаесетгодишен моторџија го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“, вчеравечерта во 22:21 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „Хонда ХДВ“ управуван од Н.Б.(21) од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добил 19-годишниот М.Ф., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

— реклама —

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф., констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде подоцна починал, а од страна на лекар констатирана била смрт“, соопшти МВР.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот Н.Х. бил лишен од слобода.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8qif71vsuieq0LYnl7E

(Видео) Тројца повредени по сообраќајката во Чаир, МВР со детали

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
kokain

Македонски разузнавачки информации доведоа до заплена на 68 килограми кокаин во камион управуван од македонски државјанин во Франција

Македонија | пред 11 час

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Седум возачи уапсени, четворица возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 13 часа

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Физички напади и закани врз малолетници во Штип, кривична за 15-годишник и 18-годишник

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања