„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Македонец во Австрија ја убил сопругата на паркинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
ubiistvo-vo-avstrija-696x387

Страшна трагедија ја потресе јавноста во Австрија, а медиумите известуваат дека сопруг ја избодел на паркинг својата 32-годишна жена. Осомничениот е 36-годишен државјанин на Македонија. Од Македонија е и неговата веќе почината 32-годишна жена, која е мајка на две деца.

— реклама —

— реклама —

Според локалните медиуми убиецот ја пречекал својата сопруга на паркинг пред супермаркет. Тука ја изборел до смрт, пред очите на повеќе сведоци. Австриската полиција соопшти дека жртвата е повеќе пати избодена со нож во вратот и дека починала на лице место.

Децата на брачниот пар се на возраст од шест и десет години. Тие не биле на местото на настанот кога се одиграла сцената.

Австриските медиуми пишуваат дека по ужасната семејна трагедија децата биле веднаш згрижени во соодветните институции. Убиецот е уапсен, а пронајдено е и оружјето со кое е извршено убиството.

Мотивот за убиството не е познат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања