Тешка сообраќајна несреќа вчера вечер се случи во скопското село Батинци во близина на депонијата Дрисла.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека во несреќата загинал 49-годишен маж, жител на Батинци.
– Околу 20 часот е пријавено дека во селото Батинци се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ Шкода Октавија, управувано од Н.Р. (1972) од село Батинци и ПМВ БМВ. Од незгодата Н.Р починал од добиените повреди, а возачот на БМВ е пренесен во Клинички центар – велат од МВР.
ТВ21 објави видео од безбедносна камера на кое се гледа несреќата.