ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Помор на кучиња во Пехчево, Анима Мунди бараат одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
52464410_409543789619975_424184950271508480_n

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара најитна истрага и кривична одговорност на сите инволвирани кои стојат зад монстурозноста во Пехчево, масовното организирано труење низ цел град, невидливо за полициските служби на градот и пред се општинската администрација на чело со градоначалникот Драган Тренчовски !

— реклама —

https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/249972232572231/

„ Едното куче ми го отруја. Деца сакаа да го погалат, така приметив. Среќа што видов на време, можеа да се затрујат и децата“ ни изјави Марјанчо Димитров кој во поморот кој ги задеси животните во Пехчево ја загуби својата Лиска. Еден од многуте кои пред очи виде тетеравење кое најблиску личи до циклус силни епилептични напади и гушење во повраќаница до смрт на својот миленик.

— реклама —

Одвратни, умоболни слики и снимки денес стигнаа до нас кои без дилема сведочат за масовно и организирано труење на животните во Пехчево. Цел град, животните, но и луѓето, а децата пред се се изложени на опасност по својот живот од отрови кои сотреа еден куп миленици и животни кои немаат дом.

„Ажурни се само комуналното претпријатие кое уредно поминува со багери и ги собира мртвите но и се уште живи животни – бруталност каква што до сега немаме видено, при што живите животни душата си ја испуштаа во челуштите на багерот, фрлани како натрупано ѓубре. Срам ни е што живееме тука, срам ни е што овие слики и снимки допрва ќе ги види целиот свет! Бараме итна полициска истрага, истрага на сите надлежни институции и служби и најстрога казна за организаторите – нарачателите и спроведувачите на овој чин. Доколку уште молчи градоначалникот и итно не превземе мерки во соработка со полицијата и АХВ, чинот ќе го сметаме за директна инволвираност и одговорноста кај него ќе ја бараме, велат од Анима Мунди.

„Пред повеќе од 5 месеци,поточно на ден 10.09.2018 година на официјалниот маил на Општината gradonacalnik@pehcevo.gov.mk и opstina_pehcevo@t.mk активисти од здружението ПроАнима - Берово се обратиле до Градоначалникот на општина Пехчево по повод труењата на територија на град Пехчево.

„Претходно,градоначаникот вети дека ќе спроведе истрага со цел откривање и санкционирање на сторителот.Се остана само празно ветување...истрага за ваквите случаи немаше,одговорноста изостана.

Случаи на труење на животни во Пехчево има скоро секоја недела.

Продолжува и продолжува... Нас како Здружение не не удостои со одговор.

Единствен чекор кој го превзема Општината во насока на решавање на овој проблем е дека склучи Договор со Тодор Велков,а ние кој малку ја познаваме оваа проблематика знаеме дека Тодор Велков, од досегашното искуство покажаа дека не само што не работат на решавање на проблемот,не го намалуваат,туку го дуплираат.“

Би додале, и чија хуманост е длабоко компромитирана низ годините“, се додава во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања