(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-23-at-19.45.03

Скопјанка, сподели видео на кое се гледа како татко претепува сопствено дете. Снимката е вознемирувачка, а таа прашува „Зарем вакво детство заслужува едно дете“. Видеото е дел од доказите на Обвинителството, кои побараа, а судот одобри притвор за насилникот.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Zarem vakvo detstvo zasluzuva edno dete?

Bez pricina, zatoa shto ima bolni umovi i ne razmisluvaat vo momentot, nashle...

Posted by В. Ѓ. on Monday, June 23, 2025

„Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца. Ако возрасните имаат проблеми, што се виновни децата? Стресно е и за другите – 3 сестрички се, 3, 4 и 9 години. Се случува во саботата сабајлето, вечерта он веќе е во полициска станица, а сега во притвор. И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам. Детството е најубавиот период и некој вака да им го уништи... не може. Детето има телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми...“, напиша скопјанката која сподели и фотографии..

Обвинителството вчера соопшти дека го гони 28-годишниот скопјанец за нанесување телесна повреда.

„Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие. Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

ВИДЕОТО ТУКА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања