На 9 август во 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека претходно, околу 16:50 часот, во здравствена установа на подрачјето на Карпош дошло до инцидент.
Според пријавата, Ф.С., вработен во Итна медицинска помош, се однесувал агресивно и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.