Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Вработен во „Национални шуми“ внесувал лажни податоци во испратници, па заработил над 6 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
295131481_1099711540928167_2057808413303130928_n

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(45) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Пријавениот, референт во подружница Шумско стопанство „Малешево“ - Берово при Јавното претпријатие „Национални шуми“, во периодот од 23.04.2021 до 15.06.2022 во 63 наврати во испратници за превоз на дрвна маса внесувал лажни податоци. Имено, тој бил задолжен при секој транспорт да пополни четири испратници со ист сериски број, но наместо тоа двете од нив ги пополнувал и издавал на превозникот, по што го задолжувал да му ги врати по реализацијата на транспортот, а на останатите две испратници впишувал нереални и лажни податоци со помала количина на дрвна маса од реално издадените испратници, со различни имиња на превозници, адреси, вид, сортименти на дрвна маса за разлика од другите две испратници, потпишувајќи се во име на превозникот. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 6.198.278 денари.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања