Промени тема
Контакт

Вработен во општина Маврово Ростуше ја оштетил државата за 1.248.450 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272681520_1137169440367304_3958851918770557420_n

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Обвинетиот, како службено лице – раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше, ги пречекорил службените овластувања и на 02.10.2014 година, по свое лично поднесено барање, завел предмет кој не постои во архивата на Општината, па изготвил извод од план за населбата Маврови Анови со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата. Изводот од планот за три катастарски парцели во Никифорово, со вкупна површина од 203 м2, го употребил за приватизација на градежно земјиште без надоместок, по основ на поранешна сопственост. По поднесеното барање, врз основа на лажните документи, парцелите биле впишани на име на обвинетиот, со што била оштетена државата за 1.248.450 денари, а друго оштетено лице на кое парцелите му следувале согласно вистинскиот урбанистички план, било оневозможено да ги приватизира.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања