„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Вработен во Влада го оштетил буџетот за над 2 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, на вчера  поднесе кривична пријава против С. П. (51) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ, со што го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи во Владата на РМ за вкупен износ од 2.079.471,оо денари.

— реклама —

Имено, С. П. во својство на службено лице вработен во Службата за општи и заеднички работи во Влада на Република Македонија, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како самостоен референт-организатор за услуги со фиксната и мобилната телефонија,  во временскиот период мај 2012 до август 2017 година, на непознати лица дал на користење девет СИМ картички, сопственост на Службата за општи и заеднички работи во Влада на РМ, без притоа да подготви и  потпише реверси за задолжување со податоци и потписи на лицата, како и своерачно потпишани изјави од истите со кои се согласуваат во случај на пречекорување на ограничувањето на сметките за користење на телефонските броеви, разликата од утврденото ограничување и висината на сметката да им биде задржана од месечната плата. Понатаму,  кога  фактурите од Македонски телеком пристигнале за наплата на побарувањата по основ на остварените мобилни услуги за 9-те телефонски броеви, пријавениот како овластено лице задолжен да врши контрола и проверка на сметките на корисниците на службени мобилни телефони, иако знаел дека  телефонските броеви ги користат лица на кои што не им следуваат телефонски броеви и нема изработени и потпишани реверси, своерачно се потпишал и ставил печат дека е извршена контрола и дека нема забелешки.

— реклама —

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања