Промени тема
Контакт

Вработена во центар за вработување ја оштетила државата за над 95.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dokumenti

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

— реклама —

Пријавената, во својство на службено лице во Центар за вработување при Агенција за вработување, на 18.01.2021, без правна основа, изготвила и со свој потпис и со печат на Центар за вработување заверила обрасци за пријава на работа на странци на територијата на Република Северна Македонија на правно лице од Скопје. Со ваквото постапување таа легализирала нелегален престој и работа на пет лица странски државјани во времетраење од 90 дена, без да добијат дозвола за легален привремен престој заради работа на странец, дозвола за работа, како и без да засноваат легален работен однос според законската регулатива на државата.

— реклама —
— реклама —

Исто така, пријавената со ова дејство му овозможила на правното лице да избегне плаќање на давачки по основ на персонален данок на доход и плаќање на давачки за придонеси по основ на задолжително социјално осигурување во вкупен износ од 95.805 денари за кој износ е оштетена државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања