Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Вработена во скопска туристичка агенција парите од продадени туристички аранжмани си ги присвојувала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
plaza-lezaljke-grcka

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Д.Т.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријавената, вработена како администратор за туризам во правно друштво од Скопје, во периодот од 20.07.2019 до 05.09.2019, сукцесивно во повеќе наврати присвоила за себе парични средства во вкупен износ од 140.624 денари кои и биле доверени во работењето  од извршената наплата од продадени туристички аранжмани за шест лица. Таа изготвила и издавала договори за патување и ваучери во име и за сметка на правниот субјект, при што примероците од договорите за патување кое ги одлагала во досието на патниците, внесувала невистинита цена на чинење на туристичкиот ангажман во помали или поголеми износи на парични средства, а додека во примероците кои ги давала на патниците внесувала и наплатувала вистинска цена или помала цена, односно самоволно давала попусти спротивно на официјалниот ценовник за лето 2019 година. Воедно, за наплатените парични средства не  издавала фискална сметка, а издадените и потпишаните ваучери не ги одложила во досието за патници, туку ги уништувала, а со тоа го оштетила правниот субјект за 166.736 денари.

— реклама —

фото: balkanfun.travel

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања