Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Вработени во АХВ пред две недели се вратиле од Италија и без преглед секојдневно одат на работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
cvetan-tripunovski

Фб статус на минстерот за здравство Цветан Трипуновски. Тој предмалку на социјлната мрежа ФБ напиша:

— реклама —

-Исто како што им се протна Корона вирусот и ја донесоа државата на раб на епидемија, така и мислат дека сум имал пресконференција, која воопшто не е одржана. Денеска преку фејсбук објава алармирав на неспособноста на власта да се справи со Корона вирусот и тоа го гледаме на дело. Македонија е на праг на епидемија, а Филипче чекаше две недели за да прогласи дополнителни мерки. Луѓе дојдени од критичните подрачја се шетаат низ државата, одат на работа и се потенцијален извор на вирусот, а ние како држава се доведовме во ситуација да не знаеме што да правиме. Одговорност веднаш❗️❗️❗️

— реклама —

Првичната објава на оваа тематика на Трипуновски беше пред 6 часа, кога напиша:

-Власта нема никаква контрола кој влегува, а кој излегува од државата. Не се прават лекарски прегледи и тестови за Корона вирус на луѓето дојдено од критичните подрачја. Според информации до кои дојдов тројца вработени во АХВ, од кои двајца административци и еден раководител на инспекциско одделение, пред две седмици се вратиле од студиска посета на Италија. На истите не им е направен лекарски преглед, ниту тест за Корона вирус.

Вработените во АХВ според информациите кои дојдоа до нас во Италија престојувале околу една работна недела. На работа се вратиле на 24 февруари и оттогаш до сега секојдневно одат на работа и се во контакт како со вработените во АХВ така и со вработени во други институции.

Голем број вработени во АХВ реагираат зошто им се дозволува да доаѓаат на работа без да им се изврши лекарски преглед, но Зоран Атанасов не презема ништо.

Очекувам одговори од Зоран Атанасов, како е дозволено ова? Дали се работи за класично незнаење или за свесно ширење вирус? Одговорност за ова мора да има.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања