Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Вработени во Црвен крст уценувани и заплашувани, бараат помош за да престане прогонот врз нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
crven-krst-1

Вработени од Црвениот крст преку медиумите бараат спас од како што велат невидениот притисок поради објавата во која како што велат некој обелоденил мешање во изборните процеси на Црвениот крст на Република Македонија.

— реклама —

-Во целата изминатата недела се соочуваме со прогон и притисок, закажување на состанок на 03.05.2019 (петок) со цел вршење притисок и потпишување изјави во кои ни се наметува лично да изјавиме дека не сме дел од соопштението, не го прифаќаме и не е објавено од вработените во Црвениот крст на Република Македонија и истата таа изјава лично да ја потпишеме.

— реклама —

Се спроведуваат внатрешни истраги на вонредната седница на раководниот одбор на 08.05.2019 (вторник) со акцент за тоа КОЈ ги објавил информациите а не ШТО е објавено и сторено.

Би сакале да истакнеме дека не сакаме да бидеме соучесници во овој процес и во овие дела, дека изјавите се земени под притисок и закани на нашите работни места. Замолуваме за помош, заштита и мерки кои би овозможиле да си ја работиме нашата работа во мирна и нормална работна атмосфера согласно мисијата на нашата организација без секојдневни притисоци и закани од раководството кои секако ќе следат по објавата и на ова известување, но ние сме цврсто убедени да ја запознаеме македонската јавност и надлежните институции и да истраеме во нашите напори за правична разрешница.

Се надеваме дека ќе изнајдете решение да се стави крај врз прогонот и притисокот кој се врши од страна на раководството врз вработените, велат дел од вработените во Црвениот крст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања