Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вработени во медиуми, МВР, АРМ, ЈСП, се дел од лицата кои ќе се вакцинираат следната недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во, како што се нарекува,  критичната државна инфраструктура и за нив се издвоени 4.000 дози вакцини од првичните 24.000 со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

— реклама —
— реклама —

Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

— реклама —
— реклама —

„Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање“, соопштија од Министерството за здравство и ги повикаа граѓаните да продолжат максмално да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања