„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Вработени во ЗОО си ја бараат платата, велат дека немаат ни здравствено; Директорот не е ни на работа, рече Неделков од СОНК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-05-02-at-11.22.46

Вработени во Зоолошката градина си ја бараат платата за изминатите два месеци. Тие велат дека немаат ништо против Зоолошката градина или Министерството за култура кои им исплаќаат плати, или пак против Град Скопје. Посочуваат дека никогаш не се случило 45 дена да немаат земено плата.

— реклама —

„Овој протест е за да нѐ видат дека немаме земено плата за март месец. Плата имаме земено пред 45 дена. Вчера изгубивме и здравствено, бидејќи немаме плата на време. Имаме и колеги кои се на боледување. Кај без плата, па и без здравство. Замолувам тие кои се надлежни ова да го решат, за да ние поскоро земем плата. Си ја бараме заслужената плата која треба да ни ја дадат. Дали ќе исплаќаат по старо или ново - има синдикат, министерство. Ако ние не сме задоволни, ќе си поднесеме преставки до судот и ќе работиме според тоа што ќе ни кажат“, рече Миле Таневски, претседател на синдикална организација на ЗОО-Скопје.

Тој порача дека ќе плаќаат камати ако не ги подмират долговите.

— реклама —

„Банки, извршители почнаа, знаете како функционира оваа држава. Телефоните ни ги исклучија. Како понатаму, ќе треба да се договориме во Синдикатот. Ние го најавивме протестов, излеговме толку колку што сме. Велигден го пројдовме без плата, 1 Мај го поминавме без пари“, рече Таневски.

Немаме луѓе, немаме работници по реони, порача зоо-негователот Мирослав Станковиќ. Апелираше да се донесат помлади работници.

„Ова не е протест, туку за време на пауза, да испратиме порака дека ние секојдневно сме склони на повреди, а еве веќе немаме ниту здравствено. Зоолошка градина е подолго време е арена за политички пресметки. Нас тоа не нѐ интересира. Апелираме да ни се реши статусот. При крај ни се и финансиските средства“, додаде Мирослав Станковиќ, зоо-неговател.

„Трпението е при крај. Со бирани зборови ја кажуваат нивната мака, нивната тага. Но факт е дека денеска немаат ни здравствено осигурвање. Секојдневно се изложени на повреди, а да останат без здравствено осугурвање е нехумано. Ако не се исплатат платите, веројатно и вратите на ЗОО да бидат затворени. За жал, добив информација дека директорот не е на работа, а мислев да се срентеме. Генерално директорот е задолжен за исплата на плата, а кој е надлежен по хиерархија, нас не нѐ интересира. Ние забелешките ќе ги упатиме до директорот. Според моите информации никој во Град Скопје нема земено плата“, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања