Промени тема
Контакт

Вработените во образованието имаат уставно загарантирано право на штрајк, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ohridski-ucilista

Вработените во образованието имаат уставно загарантирано право на штрајк, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Вработените во образованието имаат законски основ да бараат повисоки плати согласно колективниот договор.

— реклама —

Просветарите имаат легитимно барање за поголеми плати затоа што стандардот вртоглаво им опаѓа, затоа што инфлацијата во месец март е 8,8%, а за една година лебот поскапе 100%, маслото за јадење 100%, горивата над 70%, струјата 30% и сите животни трошоци од 30 до 50%.

Просветните работници имаат морално право да бараат повисоки плати затоа што власта на СДСМ и ДУИ потроши милиони евра за криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, коруптивни бизниси, но и службени возила, позлатени прибори, режани цвеќиња, фстаци, жардињери, хотелски услуги и какви ли не други непродуктивни трошоци.

— реклама —

Власта знае дека штрајкот на СОНК беше најавуван два месеци пред да се случи. Владата доколку вистински сакаше да најде решение за барањата на просветниот кадар тоа можеше да го направи уште пред почетокот на штрајкот.

— реклама —

Притисоците, заканите и заплашувањата од страна на власта упатени кон просветарите се за секаква осуда. Овие луѓе ги едуцираат и се грижат за нашите деца и заслужуваат достоинствен однос од институциите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања