„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Вработените во просветата во Охрид не примиле плата за октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gimnazijaohrid

Наставниците, професорите и вработените во охридските основни и средни училишта се` уште не ги примиле платите за месец октомври.

— реклама —

Проблемот е настанат поради недоследности околу начинот на кој се вршат пресметките за месечен надомест за админитративните службеници во образовните институции, кои пресметките ги направиле согласно правилата за пресметка на плата утврдени со Законот за административни службеници.

— реклама —

Бројот бодови за платите за секретарите, односно административците се утврдува согласно Законот за административни службеници, додека вредноста на бодот е утврдена со одлука на Совет на Општина Охрид.

— реклама —

Министерството за образоване и наука е на став дека платата за службениците во ресорот треба да се пресметува според Колективните договори за средно и основно образование, што резултира со разлика во пресметките, поради што е блокирана и исплатата на личните доходи за вработените во образовните институции во градот.

Училиштата во Охрид веќе извршиле корекција на пресметките според претходните практики односно според Колективните договори така што се очекува веќе од утре да почне исплатата на платите за октомври. Прашањето што создава дилема е како во иднина ќе се регулира утврдувањето на месечните примања за административните работиници во образовните институции кога очигледно има недоследности во легислативата, односно колизија меѓу двата начинa на пресметка.

За да биде ситуацијата уште понејасна, пресметувањето на висината на платите за административците согласно Законот за административни работници е почнато да се спроведува со стапувањето во сила на новата легислатива пред повеќе од половина година, а ресорното Министерство сега за првпат реагира на таквата практика на која досега немало забелешки.

извор: mtm.mk 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања