„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Вработените во ЗОО последно земале плата во февруари: директорот Попов вика дека се изработени, министерот Љутков: Ја немаат ни доставено до нас!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
ljutkov-zoo-popov

Вработените од Зоолошка градина немаат земено плата од февруари, а менаџментот вика дека навремено ги изработиле за Министерството за култура да ги исплати. Министерот за култура, Зоран Љутков вели дека до нив уште не е доставена пресметка, која потоа оди на исплата во Министерството за финансии. За тоа време, вработената Тина Мицковска посочува дека од денеска нема да имаат ни здравствено.

— реклама —

Едно празнично хаику за 1 Мај, последна плата ни беше за февруари, од утре ни здравствено ќе немаме, платата за март не знаеме до кога ќе ја нема, а мене ми се пие едно ладно пивце“, пишува Мицковска.

Директорот на ЗОО-Скопје, Зоран Попов, за „Скопје1“, вели дека „Платите за вработените се навремено изготвени и исратени во Министерството за култура и Министерството за финансии, платите за сите културни установи во град Скопје ги обезбедува Министерството за култура“.

— реклама —

Истовремено, од ЗОО-Скопје ојбаснуваат дека: „Од страна на Министерството за култура до нашата институција беше испратен мејл, врз основа на кој бараа сите јавни установи од културата да направат незаконски измени на пресметките за мартовските плати, без правна основа, спротивно на Колективниот договор. Зоолошка градина Скопје, како и другите јавни установи испрати официјални забелешки и прашања до Министерството бидејќи насоките во мејлот беа нејасни, но до денеска немаме добиено никаков одговор. Согласно насоките од Министерството за култура кои беа дадени за директорите истите се принудуваат да ги поништат старите решенија за плата и да изготват нови. Оттука јасно произлегува дека вината за неисплатените плати не е во менаџментот на Зоолошка градина Скопје како што во јавноста пробаа да излажат и манипулираат одредени поединци, за што ќе побараме јавно извинување“.

Министерот Љутков пак, во изјава за „Скопје1“ е дециден: „Се уште немаат доставено ништо до нас“.

„Не е точно, платите не се стигнати до нас. Не е можно за 125 институции да сме изработиле, а само скопските за - не. Точно е дека ние ги обезбедуваме, но треба да стигнат до нас. Пред да стигнат до нас, треба да се одобрени и од градоначалник. Инаку уште вчера добив информација од вработените од Зоолошка дека не ни почнала да се изработува“, вели Љутков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања