Агенцијата за млади и спорт ги додели Државните награди за остварување во спортот „8-ми септември“ на гала свеченоста која денеска се одржа во кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија.
Борачот Томе Коцев, спортскиот лекар Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и фудбалерот Кочо Димитровски, легендата на ФК Вардар, се добитниците на државната награда „8 Септември” во областа на спортот. Наградата на добитниците денеска им беше врачена во Собранието на Република Северна Македонија. Николовски службено беше отсутен, а наградата ја прими неговиот син и дел од семејството.
Наградата за животно дело во спортот ја доби каратистот Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата.
Добитниците ќе добијат признанија, а освен тоа и парична награда во висина од 10 просечни плати, односно 250.000 денари.