Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВРЕДИ: Стравот на ОБСЕ за изборни нерегуларности во Северна Македонија се вика Бујар Османи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4198

“Како што веќе јавноста е информирана, канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија, одлучи овој изборен процес да го надгледува со 24 долготрајни и 300 краткотрајни набљудувачи. Напоменуваме дека за една земја членка на НАТО ваквото присуство на ОБСЕ-ОДИХР на изборите е знак дека оваа земја има реален потенцијал за нерегуларности во изборниот процес, факт кој зборува многу лошо за демократските стандарди на Северна Македонија. Само за споредба, ваква квалификација за изборниот процес немало од 90-тите години на минатиот век”, велат од ВРЕДИ и додаваат:

— реклама —

Ова е причината да поставиме прашање која била улогата на Бујар Османи во претседавњето со ОБСЕ и какви извештаи и информации има дадено за ОБСЕ да ја оценува Северна Македонија како земја со кревка демократија? За жал, насто тој да се чувствува одговорен за оваа ситуација, тој го прави спротивното – се жали на ваквиот извештај на ОБСЕ-ОДИХР заборавајќи притоа дека тој е министер за надворешни работи и беше претседавач на OБСЕ во минатата година. Ако оваа ситуација е за плачење, тогаш виновникот е токму Бујар Османи. Затоа што тој беше актерот кој директно влијаеше на овој пристап што ОБСЕ го има кон земјата.

Затоа, Бујар османи е должен да објасни зошто е ваквата оценка на ОБСЕ, и, второ – исто така многу важно – врз основа на какви анализи и аргументи Бујар Османи во 2023 година оценил дека изборите во Северна Македонија можат да предизвикат дестабилизација? Кој му ги дал овие информации и зошто тој не ги споделил на транспарентен начин со јавноста досега? Ова неминовно го наметнува прашањето дали ДУИ спрема терен за да предизвика постизборна политичка криза, за да може техничката влада на Талат Џафери да си го продолжи својот технички живот?

— реклама —

Во меѓувреме, најбитното прашање е зошто толку многу се плаши од резултатон на изборите и прави се за да не го прифати поразот?

Како и да е, 8 мај е блиску и се ова ќе се разјасни веднаш после објавувањето на изборниот резултат. Овој пат ВРЕДИ да чекаме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања