Вредноста на АД Славија е над 20.000.000€, тврди Арсовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-21-170657

Додека сеуште Заев и пиунот Ковачевски молчат за овој скандал, криејќи се зад криминалните пориви на одредени кадри и институции, СДСМ и Владата признаа вина и нечесни намери за продажба на АД Славија за 218.535€, иако вредноста нејзина е над 20.000.000€, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Обелоденовајќи го овој огромен скандал, ниту еднаш не бевме колебливи како партија да успееме во намерите да ја спречиме продажбата на оваа државна фирма за без пари, каде што блиски луѓе до власта дебело ќе профитираат во милионски суми.

— реклама —

Благодарност до јавноста која застана рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и бурно ја следеше ситуацијата, попречувајќи им на намерите на криминалците од власта. Честитки и за вработените кои го кренаа гласот иако се угнетувани од власта.

— реклама —

Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ спаси и спречи 20.000.000€ на граѓаните да завршат во џебот на СДСМ.

Е сега, одлучен сум во намерите да се занимавам и да биде под лупа малку повеќе со инволвираните во овој случај, првично со работата на директорот на Агенцијата за одземен имот. Фатон Асани после вакво признание мора по секоја цена да си даде оставка од позицијата директор. Не му е ниту прва, ниту последна скандалозна зделка доколку остане на позицијата. Мора да си даде оставка!

Оставка веднаш“, вели Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања