Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Време е бугарските власти да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд, порача Каевски од Стразбур

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Северна Македонија силно верува во европските вредности и останува целосно посветена на патот кон полноправно членство во Европската Унија, порача пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски во своето обраќање во Европскиот парламент.

— реклама —

„Ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ и имаме поддршка од останатите земји членки, веруваме во европските вредности кои се водилка за развојот на македонското општество“ истакна Каевски.

— реклама —

Пратеникот Каевски во своето обраќање се осврна и на односите со Бугарија и положбата на македонското малцинство.

— реклама —

„Најосновното право што една личност или нација го заслужува е правото на самоопределување. Време е бугарските власти да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права, каде јасно е наведено дека правата на македонското малцинство во Бугарија се прекршени, малцинство кое државата треба да го препознае и признае и целосно да го почитува нивното место во општеството.

— реклама —

Време е да ги елиминираме сите сомнежи дека одредени политичари сакаат да ги нарушат добрососедските односи помеѓу двете држави, одработувајќи за трети страни. Правото на самоопределување е основно човеково право, кое треба да го заштитиме, за да можеме заеднички да градиме подобра иднина за нас и нашите деца“ заклучи Каевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања