Денеска, според УХМР, времето ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен западен до северозападен ветер. Максималната температура треба да достигне до 26 степени.
Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд засилување на ветерот и појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 12, а дневната од 20 до 25 степени.
До крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо.
фото: Архива