Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 19 степени.