Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен северен ветер. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Фото: Архива