Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 16 до 28 степени.
Во Скопје сончево ќе дува слаб северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени.