Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Времето на неписмени мочковци е почнато, сите што не можеле да станат било што, сега имаат поткаст, напиша Арнаудова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
kristina-arnaudova

Пејачката Кристина Арнаудова преку објава на Инстаграм упати остра критика кон дел од подкастите и нивните водители, оценувајќи дека денес секој што поседува камера се претставува како медиум, без да има соодветно знаење и професионален пристап.

Во својата објава, Арнаудова наведува дека дел од авторите на подкасти ги користат јавните личности за да стекнат популарност, поставувајќи, како што вели, „бедни и неписмени прашања“.

„Пошто сега секој што има камера може да биде медиум, времето на неписмени мочковци е почнато. Сите што не можеле да станат било што, сега имаат поткаст“, напиша Арнаудова.

media-libraryaomk0tf3pfq93Q32hyR

Според неа, ваквите подкасти ги покануваат јавните личности со цел да ја зголемат сопствената гледаност, без да водат сметка за достоинството на гостите.

— реклама —

„Им се качат како пијавици и пробуваат со бедни и неписмени прашања да создадат популарност, неважно дека ќе те деградираат, ги заболе за вас“, стои во објавата.

— реклама —

Арнаудова упати критика и до јавните личности кои прифаќаат вакви гостувања.

„Будали сте вие што им гостувате и дозволувате на тие мочковци да прават содржина искористувајќи ве вас“, напиша таа, додавајќи дека, според неа, постојат и исклучоци, но тие се малубројни.

— реклама —

На крајот од објавата, пејачката објаснува дека токму поради тоа не прифаќа гостувања во подкасти.

„И тоа е одговорот зошто никогаш нема да гостувам нигде, како и досега. Башка што празни муабети се за празни глави“, напиша Арнаудова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjnvkuovsn4euaGmIqNd

Ново сведоштво за детето со нож во училиштето во Центар: Приказната на мајката за пржење лепчиња со нож за месо колење не е ни за мали деца

Коментари | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања