Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

„Врсничкото насилство е резултат на омраза што самите ја создаваме“, Лопарски за денешното воспитување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Коментари
media-libraryi9pbanc7phb283CTXrN

Татјана Лопарски, сопственичка и извршна директорка на Елемент ПР, преку објава на социјалните мрежи испрати порака за начинот на воспитување на децата и причините за сè почестото врсничко насилство. Според Лопарски, денешните генерации растат во средина во која премногу внимание се посветува на парите, врските и материјалните вредности.

— реклама —

„Порано кога бевме деца дома не се зборуваше за тоа кој колку пари направил, од каде му се парите, од каде му е автомобилот, какви брендови носат. Се зборуваше за тоа како да бидеме подобри од тоа што сме, да не се караме со другарите - бидејќи другарството е важно, без другари е тажно. Сосема друг приницип на воспитување имавме. Знаевме дека не ни е дадено се на тацна и дека животот е борба и дека мора да се учи за да се успее во животот.

— реклама —

Сега времињата се сменети поради нас родителите кои патем живеевме сите како деца во тоа време. Децата наши слушаат - од кај му се на овој парите, гледај само за себе не помагај, не е важно што правиш важно е колкава плата имаш, дај да најдеме начин да избегнеме да полага испит, дај да фатиме врски за да се вработи на добро работно место, види го овој без школо колку пари направи.... од вакви примери и вакви муабети нема да имаме генерации кои се борат, туку генерации кои ќе се мразат меѓу себе, генерации кои растат со скапи брендови, растат со омраза кој оној кој има помалку од нив или повеќе од нив, генерации кои растат во нездрава средина каде родителите се тие кои диктираат како се однесуваат некогаш децата (не секогаш). Генерации каде нормално е да се „фаќа врски“, да се „малтретираат“ сооченици, каде е нормално да си насилник.

— реклама —

Врсничкото насилство е резултат на омраза, а таа се создава. Наместо да мислиме дека некој друг ќе го реши овој проблем, треба самите да почнеме да го решаваме со давање на позитивни примери на децата каде само тие се носители на својата судбина и во неа треба да има простор за толеранција“, пишува Лопарски.

— реклама —
media-library1sreidraer0i9kwlnfC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања