Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Врховен суд пресече: Остануваат 13 години затвор за Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
vasil-j

Врховниот суд ја одби како неоснована иницијативата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за Васил Јованов, со што казната од 13 години затвор останува конечна и без можност за понатамошно ублажување.

Од Судот информираат дека одлуката е донесена на седница на советот одржана на 11 март годинава, по разгледување на предметот КВП2-22/26, по барање поднесено од осудениот преку неговиот бранител.

— реклама —

Со оваа одлука се потврдуваат пресудите на Основниот кривичен суд Скопје од мај 2025 година и на Апелациониот суд Скопје од октомври истата година, со кои Јованов беше огласен за виновен за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и осуден на 13 години затвор.

— реклама —

Првичната казна изречена од Кривичниот суд изнесуваше 12 години, но Апелациониот суд ја зголеми на 13 години.

Случајот се однесува на сообраќајната несреќа што се случи минатата година во Скопје, кога Јованов, управувајќи возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и минувајќи на црвено светло, ја удри Фросина Кулакова на пешачки премин. Таа поминувала на зелено светло и починала на лице место.

— реклама —

За делото за кое беше осуден, Кривичниот законик предвидува затворска казна од четири до 20 години.

— реклама —

Со одбивањето на вонредното преиспитување, пресудата станува конечна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

soobrakajka-5001

Робија од пет години доби Викторија, која во сообраќајка го усмрти Марјан возејќи во спротивен правец, па избега во Германија

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања