Врховниот суд на САД соопшти дека претседателот Доналд Трамп може да користи средства од Пентагон во висина од 2,5 милијарди долари за изградба на дел од ѕидот на јужната граница со Мексико.
Судот, во кој конзеравативците имаат мнозинство, со пет наспроти четири гласа во целост ја блокира пресудата на сојузниот судија од Калифорнија со која на републиканскиот претседател му се забранува трошење пари, бидејќи Конгресот децидно не му одобрил средства за проектот за изградба на ѕидот.
Трамп, на кого изградбата на ѕидот на границата со Мексико му беше централната тема во неговата претседателска кампања во 2016 година, на Твитер ја поздрави одлуката на Врховниот суд , нарекувајќи ја „победа за сигурноста на границата и владеењето на правото“.