Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Врховниот суд на Република Македонија ќе ги разгледува иницијаивите за истрагите н СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Vrhoven-sud

Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи општа седница, на која ќе бидат разгледани и иницијативите поднесени од адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за донесување на определено начелно правно мислење за правилна примена на закон, објави МИА.

— реклама —

-Поради зголемениот интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења, се вели во соопштението на Врховниот суд.

— реклама —

Оттаму посочуваат дека во Судот се примени и други иницијативи, кои дополнително ќе бидат разгледани на општата седница.

— реклама —

Адвокатите поднеле иницијативи во врска со прашањето дали Специјалното јавно обвинителство може да отвора истраги и да поведува обвиненија со оглед на тоа што во членот 22 од Законот за СЈО е определено дека јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. /МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања