Пред точно шест месеци екс министерката Гордана Јакулоска се спаси од одењето во затвор, бидејќи и покрај првосилната пресуда, според која треба да одлежи 4 години зад решетки, Врховниот суд го одложи извршувањето на казната. Ваквата одлука беше донесена откако Јанкулоска поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата, односно Врховниот суд одлучи дека таа нема да оди зад решетки се додека не донесат одлука, објави Фокус.мк.
Од Фокус пишуваат дека побарале одговор од Врховниот суд дали е одлучено по барањето на Јанкулоска, а од таму ги информираа дека одлуката се уште не е донесена. Овој суд може да ја потврди пресудата со што екс министерката веднаш би се упатила во затвор, би можеле да ја укинат пресудата и да го вратат случајот од почеток, или мериторно да одлучат.
Текстот во целост на: Фокус.мк
фото: Архива