Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Врховниот судија Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
kiro-zdravev

Врховниот судија Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет. Со 12 гласа, едногласно беше избран на позицијата. Во духот на претседателските избори, членовите на оваа тело гласаа тајно, зад параван, а ливчињата ги ставаа во изборна кутија. Заменик  на здравев ќе биде Селим Адеми. За него гласаа 11 членови на Судскиот совет, и имаше едно неважечко ливче.

Киро Здравев, кој е судија во Врховниот суд, за член на Судскиот совет е избран во  2018 година. Дипломирал во 1981 година на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а правосудниот испит го положил во 1982 година.

— реклама —

Во 1983 година е избран за судија во Општинскиот суд во Штип – Граѓански оддел. Во 1988 година е избран за претседател на Општинскиот суд Штип – Кривичен оддел. Во 1996 година е избран за судија во Апелациониот суд Штип – Граѓански оддел.

— реклама —

Во 2004 година е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија, каде што е распореден во Одделот за управни спорови и како дополнителен член во советот за граѓански дела.

Како судија во Врховниот суд на Република Македонија бил претседател на Одделот за граѓански дела и претседател на совет во овој оддел.

— реклама —

Од 1994 до 2002 година е член на Управниот одбор на Здружението на судиите.

— реклама —

Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања