„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Втор ден по ред зголемување на горивата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Benzinski-pumpi-9

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92 % во однос на одлуката од 3.05.2022 година.

— реклама —

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,498 %, кај дизелот за 3,023%, кај екстра лесното масло за 3,262% и кај мазутот зголемување е за 1,555%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,290%.

— реклама —

Клучни елементи кои влегуваат во структурата на формирање на малопродажните цени на нафтените деривати се: берзанските цени и курсот на доларот во однос на денарот. Анализите покажуваат дека курсот на доларот во однос на денарот, во изминатите два месеци поради геополитичките случувања во Украина и Русија бележи постојан раст, што прави сериозен притисок врз формирање на малопродажните цени на нафтените деривати. Во изминатата недела од 25 април до 29 април курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 3,83 % и овој пораст има директно влијание во формирањето на крајните малопродажни цени на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,293 ден/кг и ќе изнесува 53,587 ден/кг.

Од 5.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 88,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 90,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,587 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Во продолжение споредбен график на цените на нафтените деривати во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања