Втор пат по почетокот на глобалната епидемија, пациент е излечен од инфекција од ХИВ, вирусот кој ја предизвикува опасната смртионосна болест СИДА, пишува „Њујорк тајмс“.
Конкретниот случај кај кој е излечен вирусот, научниците го опишуваат како случај со долгорочна ремисија. Во интервјуата дадени за медиумите, научниците од Сиетл, САД, велат дека создале лек, со забелешка дека тешко може така да се дефинира зборот бидејќи овој начин на лечење функционирал само кај два случаи.
Двата пациенти болни од ХИВ кои се излечени од вирусот примиле коскена срж, но овие трансплантации биле наменети во борбата против рак, а не вирусот ХИВ. Трансплантацијата на коскена срж веројатно нема да биде реална опција за лечење од вирусот во иднина. Денес постојат силни лекови кои ја котролираат ХИВ инфекцијата, а трансплантациите се ризични, со несакани ефекти кои може да остават долгогодишни последици.
Но, засилувањето на имунитетот на телото преку клетки кои се модифицирани да се спротистават на ХИВ-вирусот може да биде практичен третман за пациентите, велат експретите.