Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Втора голема акција за чистење на училишните дворови во Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Општина Центар утре, сабота (19.3.2022), во 10:00 часот наутро ја организира втората по ред голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, заедно со хигиеничарите и општинската администрација, лично ќе учествува во чистењето на училиштето и ги повика учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите оние кои сакаат, да се приклучат на акцијата.

— реклама —

„Здравата животна средина и чистата околина се придобивки за сите нас. Првата акција за чистење на училишните дворови помина одлично. Се надевам дека оваа втора акција ќе биде уште поуспешна. Ова е можност за сите граѓани да го дадат својот придонес кон заедницата и заедно, на нашите деца да им обезбедиме чисти и уредни училишни дворови. Ги повикувам сите граѓани кои имаат желба утре, заедно со нас да дојдат и да помогнат во реализацијата на оваа акција“, изјави Герасимовски.

Герасимовски додаде дека овие акции, освен што ќе ги исчистат дворовите, имаат за цел и да ја подигнат свеста на граѓаните за одржувањето на чистата и здрава животна средина. Акцијата ќе се спроведе утре, сабота во 10:00 часот, во дворовите на сите 8 основни училишта во општината.

— реклама —

Покрај чистењето на дворовите, Герасимовски најави и дека ќе се засадат 200 нови Темјанушки, а ќе се бојадисуваат и старите и излитени огради на училиштата, онаму каде што ќе има потреба од тоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања