Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Втора судска одлука за куќен притвор со електронска алка: повозрасно осудено лице ќе ја издржува казната дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarymk4mf8eu8658605xhXM

Управата за извршување на санкциите почна со примена на електронски надзор по втора судска одлука за куќен притвор со електронска алка. Основниот суд Струга замени 11 месеци и 28 дена затвор со куќен затвор за повозрасно лице со сериозни здравствени проблеми. Движењето ќе се следи 24/7, а при прекршување пробациските служби ќе го известат судот. Мерката се оценува како поекономична и похумана; лани Велес изрече прва ваква пресуда, а се очекува почеста примена.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Управата за извршување на санкциите започна со примена на системот за електронски надзор, откако беше донесена втора судска одлука со која осудено лице ќе ја издржува казната во куќен притвор со електронска алка.

— реклама —

Станува збор за лице кое веќе издржувало казна затвор во казнено-поправна установа, но со одлука на Основниот суд во Струга, преостанатиот дел од казната во траење од 11 месеци и 28 дена е заменет со куќен затвор со електронски надзор.

— реклама —

На лицето му е поставена електронска алка на глуждот, преку која надлежните служби ќе го следат неговото движење и почитувањето на мерката.

— реклама —

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека станува збор за повозрасно осудено лице со сериозни здравствени проблеми, што претставувало предизвик за третман во затворската установа.

Претходно, минатата година, Основниот суд во Велес ја донесе првата пресуда со куќен затвор со електронски надзор, во траење од три месеци, за старо и изнемоштено лице.

Според надлежните, во случај осуденото лице да не ги почитува правилата или да ги прекрши ограничувањата, пробациските службеници веднаш ќе го известат судот, согласно Законот за пробација.

Пробациската канцеларија за подрачјето на Основниот суд Охрид е во постојана координација со институциите, додека Одделението за електронски надзор 24 часа дневно ќе го следи извршувањето на мерката преку специјалната опрема.

Од Управата потенцираат дека ваквиот начин на извршување на казната е значително поекономичен за државата, а во исто време претставува и похуман пристап, особено во случаи кога осуденото лице има сериозни здравствени проблеми.

Оттаму додаваат дека веќе втора година по ред се склучува договор за одржување на опремата за електронски надзор, со очекување судовите во иднина почесто да ја применуваат оваа мерка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-07-22-at-14.48.29

Познат идентитетот на избеганите од затворот во Шутка: најмладите имаат по 24-години

Македонија | пред 1 година

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

На осудени за „27 април“ и уште две лица им се дадени прекини на казна поради лекување

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-22-at-12.11.18

Вработени во затворот во Шутка трпат закани, Сокол ќе добие кривична и под итно мора да биде сменет, најави Пандов

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-22-at-10.26.17

Пет затвореници избегале од затворот во Шутка: во петокот се појавиле оти имало контрола од Управата

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања