Одлуката на Кривичен суд, да не одреди притвор за Беким Незири од ДУИ и тепачите кои ги пушти во М-НАВ, ќе биде обжалена. Ова го најави скопското Обвинителство.
„Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело - Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.
Кривичен суд не одреди притвор на Беким Незири и трите лица кои упаднаа во зградата на контролата на летање во М-НАВ. На нив им се одредени алтернативни мерки – забрана за меѓусебна комуникација, одземање исправи, забрана за напуштање на престојувалиште.
„На осомничените им се определува: Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, Одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд“, велат од Кривичен.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
Се бара притвор за четворица кои упаднаа во М-НАВ и тепаа контролори
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилств
Македонија | пред 2 години