Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Второто писмо од Ангелов: Мерката за патриотизам е да си спремен да умреш во секој момент за својата земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
angelov

По писмото кое Горан Ангелов го остави до својата сопруга Наташа, откако беше осуден , денеска на социјалните мрежи обелоденето второто  негово писмо упатено до Кико. Писмото е објавено на фејсбук профилот на Кристијан Јандриоски. Во него Ангелов пишува:

— реклама —

Кико брат!

Јас знам дека секој народ има свои изроди кои повеќе се грижат за својот џеб отколку што се грижат за народот и неговата судбина.

— реклама —

Но изгледа дека македонскиот ги има повеќе од било кој друг народ. Истите тие предавници, наместо да се опаметат и ги признаат своите грешки, тие за тоа бараат награда ( Нобелова ).

Кражбата на една нација никогаш не застарува, и еден ден за тоа народот ќе си ја побара сметката да ја наплати.

Ни еден судија не е точен како времето кое доаѓа за наплата и времето кое бара да се соочиме со тоа што ни стои во совеста. Тоа време иде.

Сега тие ја глодаат среќата која им припаѓа на други, на тие што се напатени и што останале во оваа земја да се борат за подобро утре. Тие што се сега на власт се срамат од тоа какваа им е татковината, и за тоа ја менуваат, ја обезличуваат, затоа тие и не припаѓаат кај неа.Ниеден чесен син и ќерка не се срами од својата мајка, тие се срамат.

Мерката за патриотизам е да си спремен да умреш во секој момент за својата земја, тие тоа го немаат, тие ги имаат мерките за предавства, кои ние никогаш одблиску нема да ги знаеме кои се и како изгледаат.

Затоа брат, упати поракава до сите ....

Време е за ОБЕДИНУВАЊЕ. Доста е кавги и несреќи, време е сите да застанеме заедно и да и го тргнеме овој товар на татковината. Товар наречен Власт.

Обединете се сите под ВМРО-ДПМНЕ, и заедно испорачајте им ја сметката на Предавниците.

Заедно против Тиранот, браќа и сестри!

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215357840876741&set=a.4875296477755&type=3&theater

 

Горан Ангелов  беше осуден на 12 години затвор поради „тероризам на 27 април“ пред Собранието на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања