Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вучиќ: „Ако дојде до ескалација на конфликтот сè што можам да ви кажам е - Србија ќе победи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
srbija-parlament

Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод денешните настани на Северот на Косово се обрати во Парламентот.  Тој нагласи едека имаат цврсти докази дека се пука преку главите на Србите кои мирно протестираат.

Според Вучиќ, Приштина се обидува да воспостави албанска граница на Копаоник, но предупреди дека Србија тоа нема да го дозволи. Тој потсети на зборовите на претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој вчера ја повика Албанија на обединување, толкувајќи ги како идеја албанската граница кон Србија да се постави на планината Копаоник.

— реклама —

„Границата на голема Албанија може во следните неколку часови да ни се појави на Копаоник, благодарение на Србите кои помагаа во тоа, но мојот одговор до нив е – нема да има таква граница на Копаоник“, порача Вучиќ.

„Ако дојде до какво било загрозување на поредокот и на животите на луѓето на северот на Кососво и Метохија, нашата војска ќе го заштити нашиот народ. Нема да дозволиме нова „Олуја“ во кое било место каде што живее нашиот народ“, порача Вучиќ.

— реклама —

„Она што ви го гарантирам е дека ако дојде до ескалација на конфликтот и понатамошни напади врз српскиот народ, сè што можам да ви кажам е - Србија ќе победи“, рече српскиот претседател.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања