Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Вучиќ до Тачи: Јас не сум некој што се чука во гради, но соодносот на силите не се мери!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
vucic-1-1024x683

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја отфрли изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека обединувањето на Прешевската долина со Косово е „сонот на секој Албанец“, оценувајќи ја како нереална.

— реклама —

— реклама —

„Па добро, тоа е приказна од пред две-три години. Приказната нема врска. Во секој поглед. Тоа не може ни тој да го оствари, ни тие, нема врска со реалноста. Тоа е за нивни внатрешни политички потреби. Тој и Харадинај се докажуваат кој е поголем националист. Луѓето од тој дел на Србија не треба да се грижат за тоа, ни останатите граѓани на Србија. Јас не сум некој што се чука во гради, но луѓето знаат дека соодносот на силите не се мери“, кажа Вучиќ.

На тврдењата дека на северот на Косово нема недостиг од храна, и дека повеќе се плашат од српските закани отколку од Албанците и дека се уценети да ја повлекуваат стоката, Вучиќ кажа дека не ги чита медиумите кои го јавиле тоа.

„Сосема е логично да го зборуваат истото како и Харадинај и Тачи. Ништо ново. Има една синхронизирана акција повеќе од една година да се претстават Србите од северот како криминалци. Србите имаат свои претставници. Ако е толку убаво таму доле, би сакал тие што тоа го пишуваат да отидат таму, а не да пишуваат од Белград“, кажа Вучиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања