Промени тема
Контакт

Вучиќ откри дека Македонија нема стокови резерви на пченица, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pcenica

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум, вели опозицијата

„Владата, Ковачевски, Бесими и Бетиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни.

Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви.

— реклама —

Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ беа исправни, но владата наместо работа одбра лага.

Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата?

— реклама —

Недостатокот на стокови резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот?

— реклама —

Зошто не ги слушаа предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ?

Каде завршиле стоковите резерви? Што друго недостасува од државните резерви? Ќе има ли одговорност што владата ја дестабилизира државата“, се вели во сооптението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања