Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Вучиќ во Москва на разговори со Путин, во фокусот ситуацијата во Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
vucic

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе разговара во Москва со претседателот на Русија Владимир Путин, и според него тоа е еден од најзначајните состаноци во однос на сите што ги имал со него во изминатите години, јави Танјуг.

– Состојбата во нашиот регион е многу сложена, потребно е да се мери секој збор и политички потег. Во моменти кога економски напредуваме, имаме големи политички проблеми во регионот и за многу од нив не е сигурно каков исход може да имаат ако се случи какво било нарушување на стабилноста и мирот, нагласи синоќа Вучиќ во изјава за српски медиуми во Москва.

— реклама —

Тој најави дека со Путин ќе разговараат за билатералните односи, за ситуацијата во регионот и во светот за да добие совети и за тоа како Русија да и помогне на Србија во остварување на политичките и национални цели.

– Ќе разговараме и за многу конкретни проекти. Тие се значајни за подобар живот на нашите граѓани, животниот стандард на нашите луѓе, додаде Вучиќ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања