Запрашан колку е далеку од најлошото сценарио и колку е загрижен поради Косово, Вучиќ потенцираше дека е премногу загрижен.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени денеска, по повод новите провокативни изјави од Приштина, дека одредени народи на Балканот не разбираат и не може да го пронајдат патот кон иднината.
„Не би сакал да влегувам во нивните интерни политички работи. Мислам дека одредени народи на Балканот не разбираат и не можат самите да го пронајдат патото кон иднината“.
На провокацијата од страна на Кадри Весели дека „Ниш е стар српски град кој некогаш бил населен од многу Албанци, кои биле протерани од Србите“, и дека „нашите стари граѓани на Приштина имаат дојдено од нишкиот регион, особено од околината на Куршумлија, Вучиќ одговори.
Прочитајте и... Пендаровски – Заев: Суштинска соработка за реализирање на стратешките цели- членство во ЕУ и НАТО„Единствен пат кој го гледаат е омраза кон српскиот народ, иако ќе кажат дека не станува збор за омраза кон Србите, туку за оние кои направиле злосторства. Тие не можат да се насочат кон работата, трговијата, ниту кон економијата, поради тоа што не знаат како со тоа. Некои облекле одела и ставиле кравати, а се симнале од шума, па се разбира дека така ќе зборуваат“, рече Вучиќ во Утринската програма на „РТС“.