Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Вучиќ: Хандке е великан, а Македонија нека си ја гледа својата работа, со ова им покажаа на Србите таму за кого треба да гласаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vucic-111

Српскиот претседател Александар Вучиќ по одлуката на Македонија да ја бојкотира церемонијата за доделување на нобеловата награда за литература истакна дека е изненаден од С. Македонија што го бојкотирала доделувањето на Нобеловата награда на Питер Хандке, приклучувајќи им се на Албанија, Косово, Турција, Босна и Херцеговина и Хрватска.

„ Хандке е великан не само на германскиот јазик, туку и на Србија. Повторно му честитам и му благодарам за се што направи во претходниот период. Горд сум на тоа што доби нобелова награда пред се поради тоа што успеа да преживее премногу тешки моменти во животот верувајќи во вистина и поради тоа што не подлегна на сите трикови и провокации од НАТО земјите, истакна Вучиќ.

— реклама —

Вучиќ за ставот и потегот на македонија кратко прокоментира - нека си ја гледаат својата работа.

— реклама —

„Нека си ја гледаат својата работа, а можам само да кажам дека со оваа одлука им покажаа на Србите во Македонија за кого треба да гласаат и мислам дека тоа е многу поголем проблем за нив отколку за нас, додаде Вучиќ.

— реклама —

Извор: B92.net

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања