Вујкото на убиениот тинејџер: Твој убиец вујче ќе ти го прати во пеколот, да му гори душата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ubistvo

Вујкото на убиениот тинејџер, кој пред два дена беше усмртен со нож во скопската населба Ново Лисиче, се огласи на Фејсбук:

— реклама —

-Ноќва ми е убиен внукот Никола Христовски – Кољо, анѓелот на вујче. Вујче едно само ќе ти обеќа, дека тој твој убиец вујче ќе ти го прати во пеколот, да му гори душата. Поздрав вујче, анѓелу мој, напиша вујкото Сашо.

За потсетување:

— реклама —

Осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања